Според стручните лица на FIA новата генерација на болиди кои се подготвуваат или веќе се подготвени за 2017 година, ќе бидат побрзи за 40km/h.

 

Уште на крајот на 2015 година FIA одлучи да направи значајни промени во својот технички правилник. Според него болидите ќе имаат пошироки пневматици и одредени аеродинамички промени што би требало да го подобри времето на пилотите за 5 секунди по круг. Поради ова FIA упати писмо до сите директори на патеките да ги подобрат заштитните механизми за ризикот да се сведе на минимум.

Според директорот на сите трки Лаурент Макиес допис за зголемување на безбедносните мерки е испратен до сите патеки.

“Секоја екипа доби задача да направи симулација со своите нови болиди. Ние тие податоци ги искористивме за да ја унапредиме нашата програма. Симулиравме возење на секоја патека и заклучивме дека брзината на болидите во свиоците ќе биде доста поголема дури на некои свиоци и до 40km/h. Поради тоа организаторите добија задача да ги подобрат заштитните мерки на патеките. Засега работиме со организаторите од патеките кои се први на каландарот за овогодишното светско првенство, а за кратко ќе ја завршиме работата и со другите патеки“ – Изјави Мекиес.

OhridNews