Управниот одбор на НУ Охридско лето на денеска одржаната седница посветена на усвојувањето на завршната сметка ја согледа целокупната финансиска состојба на Фестивалот и констатира дека националната установа е во солидна финансиска кондиција.
Колкави се тие долгови односно предвидени приходи во бројки, од фестивалската управа не соопштуваат, затоа што, како што велат законски немаат такво овластување.
Како што е познато, по оставката на директорот Васко Василески и повлекувањето на новоназначените програмски селектори Министерството за култура ја назначи в.д. директор Анита Алоска од редот на вработените во установата, а во меѓувреме распиша конкурс за избор на нов директор по скратена постапка. Се очекува за десетина дена Охридско лето да има нов раководител кој согласно статутот ќе ги избере и новите селектори, на кои им преостануваат само 4 месеци да го подготват 52 издание на фестивалот.











