Фудбалерите на Охрид во рамките на 15 коло од втората фудбалска лига на домашен терен ја пречекуваат трето пласиранта екипа во шампионатот Турново. Охридските сини се наоѓаат во победничка серија а на домашен терен се уште немаат примено погодок. Домашните ќе атакуваат на три бода со кои би фатиле приклучок во горниот дел на табелата.


по три бода против Турново

Главен судија на натпреварот е интернационалниот судија Горан Спиркоски а ќе му помагаат Димоски Љупчо и Спиркоска Весна од  Прилеп. Поради суспензијата на теренот на Билјанини и овај натпревар ќе се игра без публика . Натпреварот се игра во 13 часот а, снимката од мечот ќе може да ја гледате на локалната НТВ во 18 часот.

На останатите натпревари играат : Беласица – Тетекс , Слога Југомагнат – Алумина ,Металург – Маџари ,Миравци-Брегалница

Вардар – Нов Милениум ,Караорман – Скопје  Дрита – Влазрими .

Во првата македонска фудбалска лига на програмата се натпреварите од 16 коло. По суспензијата на теренот во Куманово Башкими како домаќин ќе игра во Неготини,каде ја пречекува Ренова. На стадионот Гоце Делчев во Прилеп, Победа ја пречекува Цементарница, натпреварот ќе го води охриѓанецот Ецкоски Марјан, ќе му помагаат  Тодоровски Жарко и  Чакарески Лазе, четврти судија е Шулески Стевче. Дербито на колото се игра во Ѓорче каде Македонија го пречекува Вардар . Лидерот Работнички го пречекува  Пелистер,  Милано игра против Силекс. Во Тетово Шкендија 79 го пречекува Напредок. Главен судија на натпреварот е  Маркоски Марјан а ќе му помагаат Негриески Кирил и Грданоски Симон од Струга четврти судија е  Неделкоски Драган .

По триумфот над лидерот Фени, пред кошаркарите на АМАК СП нова пречка ќе биде тимот од Аредром. Првиот меѓусебен дуел во Билјанини го добија “белите“ со 79-74. Но од тој до овој тим на МЗТ има разлика вели тренерот на АМАК  Игор Гацов.
 
–    Сменија доста играчи, имаат искусна екипа а се засилија и со Ѓуроски, имаат френетична публика која по онаа казна сигурно ќе биде во голем број. Но ние однапред не се предаваме покажавме во овој шампионат дека тимот кој сака да не добие ќе треба добро да се намачи. Огромна предност ќе е нивната публика но сепак шансите се 50-50 –завршува Гацов .


ги чека тешко гостување во Аеродром

На останатите натпревари во 13 коло играат  Фершпед Р. – Карпош С.,Фени Инд. – Свисслион и В. Осигурување – Струмица

Кошаркарките на Билјана 006 викендов на домашен терен ја пречекуваат екипата на Пелистер. Првиот меѓусебен  натпревар на отварањето на сезоната битолчанки го добија 58-53. Минатото коло со победа дебитираше новиот стратег Ѓоровиќ , а се очекува со неговиот ангажман охриѓанки да го повторат минатогодишниот успех пласман во полуфиналето на купот и влез во финалето во борбата за шампион . Натпреварот се игра во недела во 16 часот .