По триумфот над апсолутниот фавортит во првенството и освојувачот на Купот Вигор Скопје ,охриѓанки со нескриен оптимизам патуваат на гостувањето во Скопје на третиот натпревар во финалната серија подобар од пет. Вигорки се уште имаат  2-1 предност и ја имаат првата меч топка.

Се до саботниот натпревар скопјанки ја немаа осетено горчината на поразот ,а нивната опуштенест и те како знаеа да ја казнат домаќините кои го надиграа противникот во сите елементи на кошаркарската игра .За брејк во серијата охридските бели ке треба добро да се намачат ,покрај предноста на домашен терен долгата клупа на Вигорки е уште еден адут во играта на избраничките на Секуловски .На досега одиграните натпревари меѓусебниот скор е 3-1 во полза на Вигор но натпреврот во “Билјанини извори“ покажа дека имаат слабости кои охриѓанки можат да ги искористат и ја вратат серијата во Охрид .Натпреварот се игра во салата Јане Сандански во 17,30 ч. 

____________________________

Во финалето на општинскиот фудбалски куп со почеток во 17,00 часот на СРЦ Билјани Извори ке играат екипите на Илинден од Велмеј и Лескоц од Лескоец .Во полуфиналните пресметки Илинденци беа подобри од Охрид со 3-1,а Лескоец го совлада Белчишта со 2-0 . финалето на општинскиот фудбалски куп ке го суди  Марјан Ецкоски   а ке му помагаат Живко Тодороски  и Драган Николоски.

__________________________

Финиш на натпреварите во македонското фудбалско првенство . Денес на програмата е 31 коло кое може да ја реши дилемата дали тронот ке успее да го одбрани Работнички.По победите во 30 коло над Пелистер 0-2, односно Македонија ЃП со 1-0 Победа и Работнички во директен дуел на Градски во Скопје ке дадат одговор на прашањето. Работнички има 65 бода три повеќе од второпласираната  Победа и со евентуален триумф би ја одбранил титулата .Натпреварот на Градски се игра  во 17 часот. Главен судија е Зоран Бошков од Неготино.

___________________________

Еминетниот спортски сателитски канал Евроспорт ја избра идеалната постава во Англискта премиер лига .Во 11 се наоѓаат тројца играчи на новиот шампион Манчестер ,два на Челзи и по еден на Арсенал,Ливерпул ,Евертон  Астон Вила ,Тотенхем и Портсмут .

4-4-2 формацијата ја сочинуваат Џејмс на голот ,во одбраната Есиен ,Карагер ,Видиќ и Грент Бери од Астон вила ,Кристијано Роналдо ,Фабрегас ,Сколс и Атрета од Евртон во средниот ред и Бербатов и Дрогба во нападот .

Мирко Постоловски