Дербито на втората фудбалска лига се игра на „Билјанини“, каде охридските “сини“ го пречекуваат лидерот и единствената непоразена екипа Металург. По серијата резултати топло ладно еве можност охриѓани со победа над лидерот да се вратат во борбата за висок пласман.

Илинден во наредното осмо коло гостува кај второпласираниот Турново.Играта во гости е послаба страна на Илинденци кои на досегашните три гостувања доживеаа три порази. Еве прилика за нив да се обидат кај еден од аспирантите за влез во елитата да скинат бод.

Караорман во Струга ке се обиде да стигне до својата втора победа во првенството против Миравци.

На остантите натпревари играат

Влазрими – Беласица, Дрита – Слога Југомагнат , Скопје -Тетекс ,Нов Милениум -Алумина ,Брегалница –  Маџари Солидарност , Локомотива – Вардар Декамел

Натпреварите почнуваат во 15 часот

Прва лига : Башкими  – Милано
     
Осмото коло во првата македонска фудбалска лига ке го одблежи комшиското дербито во Куманово.Зелените на Башкими ке се обидат да ја прекинат победничката серија на Милано .Лесни “три“ очекува Работнички кој на Градски ке игра против фенерџијата Тетовска шкендија ,која е еден од главните фаворити за преселба во втората лига. Лавовите во Ѓорче ке се обидата да ја прекинат серијата од три порази по ред ,деби на клупата на Македонија ке има Илчо Ѓоргиески против Кичевски Напредок кому и не му цветаат рози во овогодинешното првенство.По серијата нерешени средби Прилепска  Победа на домашен терен победа ке брка против Силекс,Ренова ке игра против Пелистер ,а во Кисела Вода Цементарница ке игра против Вардар .

Ракомет
    
На отварањето на новата сезона во првата ракометна лига во салата „Билјанини Извори“ Климент Охридски ќе го пречека Струшки Илинден. Натпреварот се игра во 19 часот.
    
На останатите средби од првото коло во првата лига Запад играат : Металург Јуниор – Прилеп ,Младост – Риниа и Мрк Вардар  -. Партизан

Ракометарките на  Фон Универзитет од Струга во рамките на петто коло од женската Супер Лига му гостуваат на Вардар Осигурување. На преостанатите два натпревара во ова коло Добра Вода – Универс 1  и Амбалажа Каб. – Кометал Ѓ.П.

Вардар ПРО шансата за прва победа на почетокот од мечевите од групите во Лигата на шампионите, ќе ја бара против швајцарскиот Кадет Шафхаузен, со агресивна и борбена игра, пожртвуваност и поддршка од трибините. Според тренерот Веселин Вујовиќ, противникот, играчки гледано, има попознати имиња, што имаат поголемо искуство. Но, својата шанса Вардар ја гледа во атмосферата во салата. Мечот кој се игра во сабота го судат Педерсен и Мортенсен од Данска.

За конечно да го минат 2. коло на Купот на ЕХФ, ракометарките на Кале ќе мора да го победат француски Мио Бигано, со кого викендов во Кичево го играат првиот од двата меча. Мечот се игра в сабота, со почеток во 20 часот.

Мирко Постоловски