Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го воодушеви светот со потегот кој го направи на отварањето на неговата тениска академија во Мајорка.
Надал, го прекина мечот со легендарниот Џон Мекинро, откако на трибините слушна глас од мајка која ја бараше својата загубена ќерка.
Сите на трибината го извикуваа името на девојчето „Клара“ кое за среќа на крајот заврши онаму каде што е најсигурно, во мајчинската прегратка.
Потег за воодушевување на Рафа Надал.
OhridNews