Фудбалот е најважна работа на светот, и затоа како таква тоа е една голема “машина за правање пари“. Спортот треба и мора да се искористи за промоција на државата, импоровизациите мора да се заборават доколку сакаме рамо до рамо да се носиме со светсkите трендови, смета Иван Цветкоски од секторот за односи со јавноста во ЈП “Билјанини Извори“.
– Спортските настани, според последните статистички светски показатели се на прво место по постигнатото ниво на презентација и афирмација на државата домаќин. Секако тоа го потврдува и високото место што го зазема спортскиот туризам во развојот и приходите на туризмот глобално. Ние како мала држава имавме голема шанса за презентација на државата во 2008 година која според мене за жал не ја искористивме како што го прават тоа сега Полска и Украина, иако се работи за два различна спорта. Мислам дека ние сеуште не сме свесни колку е голем бенефитот да се биде домаќин на еден голем спортски настан, како во поглед на афирмацијата и презентацијата на државата, така и во однос на менаџирањето , едукацијата, професионализмот – европеизацијата, и секако финансискиот бенефит. И покрај сите инфраструктурни, финансиски и организациски слабости, и борби со нашата традиционална желба за импровизација секако дека беше големо задоволство и пред се позитивно искуство, да се биде дел од еден голем спортски настан. Тоа што ние не успеавме како држава, град, федерација, компании е да го искористиме Европското првенство спортски да се изградиме на повисоко ниво, за да успееме во иднина посериозно да се етаблираме на картата на потенцијални спортски организатори без разлика за кој спорт или настан станува збор – истканува Цветкоски.
– Најважната споредна работа уште пред неколку децении ја промени основната спортска порака и темел “Важно е да се учествува” на која се изгради олимпизмот и спортот генерално, во “Важно е да се заработи”. За жал според мене тоа го искористија многу финансиски тајкуни и во последните децении фудбалот го претворија во најголема спортска машина за пари која ја користат се со цел да постигнат што поголем финансикси бенефит. Овој тренд во изминатите години сериозно ја руши и деградира фудбалската игра така што сега за сите нас многу побитно е кој за колку милиони игра или вреди на берзата отколку за стратегијата, тактиката, потезите на самата игра и играчите. И на ова првенство убеден сум дека престојните трансфери на играчи, заработката од првенството, спонзорските договори, бенефитот од ТВ правата ќе се главна тема за дискусија одколку фудбалот како игра – смета Цветкоски и додава

– Од 1 март до 31 март 2011, една година пред првенството, официјално на веб страната на уефа пристигнале 12.232.000 апликации за билети за Европското првенство 2012 година, а тоа е 17% повеќе отколку пред 4 години.
-Првиот натпревар го проследиле 120 милиони гледачи, додека сите натпревари од првенството според гледаноста од првите два натпревара ќе ги проследат околу 2.5 до 3 милијарди гледачи ширум светот.
– Вкупно за организацијата на првенството двете држави потрошиле рекордни 30.2 милијарди евра
– За изградба и реконструкција на осумте стадиони каде ќе се игра првенството се потрошени 5 милијарди евра.
– Последните статистички податоци кажуваат дека за време на првенството двете држави ќе ги посетат 1.5 милиони туристи.

Кој е вашиот фаворит на шампионатот, какви се вашите очекувања?











