Победи спортската димензија на 26 издание на
Охридскиот пливачки маратон. Најпрестижната спортска манифестација во
Македонија, во целост го оправда својот епитет. Љубителите на пливањето
можеа да видат една изедначена битка до самиот крај. Два фото финиша и
11 триумф со нов рекорд за крај на приказната на неприкосновениот Петар
Стојчев.

– Навистина сме горди што и по 26 пат организиравме
вака квалитетна манифестација без проблем, без никакви инциденти. Оваа
трка го оправда реномето во светски размери. Ние ќе продолжиме и
понатака да ги надминуваме проблемите кои ja опркужуваат оваа
манифестација, која се надевам дека во комуникацијата со надлежните
институции ќе биде подобрена. Секоја наредна година трките ќе бидат
интересни, но и по релаксирани во однос на финансиите – вели Сашо Точко
од ПК “Охридски Бранови“.

Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Лазар Поповски изрази задоволство што трката понуди интересен тек и супер завршница.

– Имаше извондредна борба меѓу најдобрите пливачи во светот. Имавме една навистна интересна трка, во која нашиот маратонец Евгенија Поп Ацев одлично се држеше, му посакувам да ги повтори но и да ги надмине успесите на Стојчев. Ние како АМС направивме се што можевме да обезбедиме финасиски средства, мислам дека успеавме во тоа, и се надеваме дека ова ниво, ќе го надминеме со 27 издание на Охридскиот пливачки маратон – истакна Поповски.

М.П.