Спортската новинарка Ванеса Хупенкотен е новата поубава половина на најдобриот светски фудбалер Кристијан Роналдо.
Португалецот по раскинувањето на врската со руската убавица Ирина Шајк беше поврзуван со многу девојки, но тој сепак, паднал на шармот од Мексиканката, Хупенкотен.
Новинарката најголемо внимание привлече на Мундијалот во Бразил каде известуваше за својата земја, а потоа го доби и епитетот најубава спортска новинарка во светот.
Мексиканката пред одредено време била гости на „Сантијаго Бернабе“ каде снимала документарец за ривалството меѓу градските ривали Реал и Атлетико.
29-годишната подоцна била забележана со Роналдо, а Португалецот како вистински џентлмен ја поканил на средба во Мадрид кога Реал би бил домаќин.
Ohridnews