Низ серијал стории ви ги претставуваме успешните охридски приказни во изборот на Охридњуз во 2025 година кои се помесетени во 12. издание на Годишната ревија на настани.
2025 година на спортска план несомнено ја одбележа Градскиот ракометен клуб Охрид. Првенството клубот го заврши со пласман во ЕХФ Европскиот куп, каде во сезоната 2025/26 мина две пречки и за прв пат во својата историја презими во Европа.
Предводен од новиот стратег Борис Ројевиќ, ГРК Охрид триумфираше на 53 издание на турнирот во Струга, а потоа за прв пат го освои и Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ совладувајќи го во финалето актуелниот првак Еурофарм Пелистер, над кого триумфираше подоцна и во првенството.
ГРК Охрид во тврдината „Билјанини извори“ ги сомле Баки од Азербејџан во два меча 44:11 и 38:21 и Добој над кого славеше и во БиХ, со што обезбеди 1/8 финале во ЕХФ Европскиот куп каде ќе се сретне со Дукла Прага.
Освен сениорскиот погон, под полна пареа работат и младинските категории на ГРК Охрид, чии пионери во 2025 година станаа шампиони на Македонија совладувајќи ги врсниците од Еурофарм Пелистер и Вардар на завршниот турнир во Битола.
Спортска приказна на годината во изборот на Охридњуз е ГРК Охрид.
Што ја одбележа 2025 во Охрид, погледнете во Годишната ревија на настани на Охридњуз.
OhridNews
















