Спортскиот билтен за 2007, долго време се думав да ли да го пишам по месеци или по успеси на охридските клубови. Но бидејки месеци има повеќе од успеси се одлучив да одам по подолгиот пат.

Јануари:
Првиот месец во годината вобичаено е наменет за ракомет. По студот кој го “јадевме“ со Естонците, одговорните лица како во федерација така и во спортската сала ја згреаа охридската убавица, салата “Билјанини извори“. Домаќини бевме на северниот сосед Србија, а 4.000 грла ечеаа ко едно во Охрид. Не ги “решивме“ србите само благодарение на поклон пеналот на германската судиска двојка. Но на крајот и ние и тие во пакет заминaвме во јунскиот бараж.

 

Пеналот по кој натпреварот заврши без победник. Македонија – Србија 32-32

Во јануари покрај ракометот Охрид беше домаќин на Првото Балканското полициско првенство во борење во Грчко-римски стил. На “душекот“ во “Билјанини“ продефилира Серафим Брзаков, носител на сребрен медал од олимписките игри во Сиднеј  и двократен светски првак.

Февруари:

Во месецот кога стопанствениците ги средуваат годишните сметки, единствена спортска понуда беа пријателските натпревари на прволигашкитe екипи кои се подготвуваа за вториот дел од македонското првенство. Месецот помина и во знакот на поделеноста во кајак кану федерацијaта на мирни води.

Март:

Охриѓанецот Реџеп Селман се пласира  на 19-то место и ги заврши настапите на ЕП во сала во Бирмингем, Англија.

Формиран беше одбор за спас на Охридскиот ракометен суперлигаш, екипата која за 2006 година беше прогласена за најуспешен колектив до крајот на првенството продолжи да се натпреварува со младинската екипа, а новото првенство го дочекаа во второлигашкото друштво.

Кошаркарите на АМАК СП ги започнаа мечевите во Првата Б лига, но откако не најдоа заеднички јазик со “локалната“ за користење на спортската сала клубот се пресели во Скопје каде како домаќин ги играше своите натпревари.

Струга беше епицентарот на случувањата во фудбалот. На редовната седница на ФФМ Хаџи – Ристески со 54 гласа “ЗА“ беше реизбран на функцијата преседател.

Одолеа на притисоците – Хари Хаџи Ристески
И додека спортската јавност живо се интересираше и ги пребројуваше гласовите на делгатите за и против “валканиот“ Хари, Сречко Катенец зад затворени врати под обезбедување во Охрид се подготвуваше за натптреварот со Хрватска на Максимир .

Април:

По 6 месеци пауза повторно топката се тркалаше во Велмеј. По завршувањето на “фантомската“ казна која ФФМ им ја изрече на Илинденци по пауза од 6 месеци фудбалот се врати во Велмеј.

Во центарот на кошаркарската јавност беше “Финал 8” турнирот што се играше во Битола. Охриѓани беа на праг на големо изненадување  откако три четвртини имаа водство на крај потклекнаа пред лидерот во Суперлигата, Струмица, кој натпреварот го доби со тесни 83:79. Од понатамошните натревари елиминирана беше и ЖКК Билјана 006. Очекувано лесно Вигор славеше со 81:51 и обезбеди пласман во финалето.

Вонредно собрание на Едриличарската Федерација по кое за нов лидер беше поставен Љупчо Поп Стефанија .

Охриѓани во живо можеа да ја проследат најубедливата победа во македонскиот фудбалски шампионат. На “Билјанини“ Вардар му сервираше “десетка “ на Влазрими.

Мај:

Под мотото „Дрога, цигари, алкохол? Не благодарам. Јас го одбрав спортот“, а под името “ЛИХНИДОС 2007” се одржа првиот отворен меѓународен кикбокс турнир во организација на Теквон-До и Кикбокс клубот “Хваранг Фист” од Охрид.

Целта на  турнирот беше да прерасне во традиционален и да се одржува секоја година.
О.У.“Св.Наум Охридски“ ја одбрани титулата во училишната лига во мал фудбал, Билјана 006 ја одложи промоцијата на шампионот откако во големото финале им го нанесе првиот пораз на Вигорки. По серијата од 14 победи по ред кошаркарите на АМАК СП се вратија во елитата.

Завршија танталовите маки на Илинденци и на ракометарите на Климент Охридски кои се преселија во понизок ранг.

Јуни:

Охрид и „Билјанини извори“ повоторно беа базата на подготовките на македонската А репрезентација, за престојниот квалификациски меч против Израел.

Со завршниот натпревар на “Билјани извори“ беше заоркужен проектот „Школа за Атлетика“ кој се реализира преку програмата за развој на атлетскиот спорт на Европската атлетска асоцијација.

По успешно минатите две фази, селекција и тренинг на деца од 11 и 12 годишна возраст, трета фаза или завршниот натпревар со одржа во Охрид каде на атлетската патека продефилираа 72 деца од 3 основни учлишта ОУ Гиргор Прличев – Охрид , ОУ Кузман Јосифоски Питу – Скопје, ОУ Гоце Делчев – Босилево .

Едриличарите на ЕК „АМАК СП БОФОР“учествуваа на  Меѓународната регата „СОФИЈА 2007“. во класата оптимист. Од Софија во класата Оптимист до 12 години, со прво место се врати  Димитар Поп-Стефанија.

По пауза од 4 години ФК Охрид се врати во второлигашко друштво. На бараж натпреварот кој се одигра во Кичево, фудбалерите на Алумина по еден час игра при резултат 2:1 за Охрид го напуштија теренот. Правилата во ваков случај се јасни. Охриѓни со службен резултат го добија натпреварот.

Охридските рибари од спортско-риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ ги освоија второто, третото и четвртото место и со три екипи се пласираа во репрезентацијата на Македонија која зеде учество на светското првенство во Србија.

Јули:


По соломонската одлука на миленикот на Уефа Хаџи – Ристески за проширување на  втората фудбалска лига охридско-струшкиот крај доби три второлигаши Охрид, Илинден и Караорман.

За да бидат асполутно сите спортови застапени во нашиот град се погрижи кик бокс федерацијата која на “Антички“ организираше “борба на гладијатори“. Во најинтересната борба за 30-тина секунди Зоран Милевски го нокаутираше бугарскиот колега Јавор Маринчев.

Моменет од спектаклот на Антички

Охрид беше центар за боречките вештини. Карате семинарот потоа  џуџицу и иаидо натпреварувачи учествуваат на семинарот во организација на Кендо и иаидо федерацијата на Македонија кој се одвиваше под будното око на инструкторот за боречки вештини, инаку технички директор на федерацијата Златко Кескоски.

Сепак главен печат на овој месец стави 21 охридски маратон, на кој по шести пат триумфираше бугаринот Петар Стојчев.

Апсолутен рекордер на охридскиот маратон – Петар Стојчев

Тој во фотофиниш тирумфираше над аргентинецот Блаум и неговиот сонародник Иванчев. Во женска конкуренција триумфираше Естер Нуњез Морера од Шпанија. И овој маратон  мина без учество на пливачи охриѓани.

Август:

Илинденската едриличарска регата која во 2007 година се одржа по 39 пат го отвори богатиот месец со спортски настани. Златната маска, наградата која се доделува за севкупен победник на Илинденската регата трета година по ред остана во Охрид во витрините на ЕК АМАК СП – Бофор .


Златната маска останува во Охрид-Стевчо Ставрев АМАК СП Бофор

Со освоени 6 медали, три златни, едно сребро и две бронзи охриѓани беа најуспешни на регата.

Евгениј Поп Ацев од ПК Студент Скопје победи на 28 Илинденски куп. Популарниот мал маратон во должина од 2,5 км од Горица до Охрид,  Генчо го преплива за 28,50 минути. Во женска конкуренција со време 37,05 м. до победата стигна Марија Миновска од Вардар за која ова беше јубилеен 10 настап. Во конкуренција на пливачи под 15 год во машка конкуренција победи Марко Блажески од Вардар, а во женска победи Кристина Трајкоска од Студент.

На промцијата на која присуствуваше и преседателот на ФФМ Хаџи – Ристески, преседателот на ФК Охрид Сашо Алче помпезно најави “враќање на сјајот на фудбалот во Охрид“ како и брз пробив кон Првата лига. Со нескриени амбиции во новиот шампионат влезе и второлигашот од Велмеј, Илинден.

Сепак настанот број еден беше Светско првенство во ракомет за јуниори на кое учествуваа 20 репрезентации. Македонската репрезентација се пласираше на десетто место, додека на тронот се искачи репрезентацијата на Шведска која во финалето што се одигра во Охрид ја победи  репрезентацијата на Германија со 31:29.

Септември:

Локалнотo охридско дерби беше во фокусот на вниманието. Илиндеци со голот на Ѓоршески го совлдаа Охрид минимално 1-0.

љубители на фудбалот не бираа средства за да го гледаат мечот
Македонските репрезентативци покрај езерото се одлучија за подготвки за финалните битки во квалфикациите за ЕП, додека  Едриличарската федерација на Македонија – ЕФМ под мотото “Светот едри“ ја одбележа 100 годишнинната од формирањето на меѓународната едриличарска федерација ИСАФ.  По тој повод  беше промовирана новата поштенска марка. Со настапите на Балканското првенство во Кавала и регатите во Бугарија едриличарите ја продолжија успешната сезона.

По повод денот на независноста 8 Септември на 22-от меѓународен атлетски маратон што традиционално се одржува во Охрид победи Велимир Бојовиќ од АК „Косово Поле“ – Косово, Србија, во женска конкуренција најбрза беше Ениса Тасеска од АК „Центропром“ Скопје.

Во монографијата  под наслов Фудбалот во Охрид 1921-2006“ претставена беше 85 годишната фудбалска историја на градот Охрид. Автор на монографијата е истакнатиот спортски работник Димче Стојкоски – Лепи.

Октомври:

Ракометарите на Климент Охридски со пораз ја отворија новата сезона во прволигашкото друштво. Во езерското дерби струшки Илинден беше поуспешен од охридските бели со 25-17.

Со еднонеделно задоцнување започна  и 16- то кошаркарско првенство во кое Охрид влезе со два претставника КК АМАК СП во машка и ЖКК Билјана 006 во женска конкуренција .

Одлични резултати постигнаа веслачите од охридски  “ЈУГ” на Меѓународната веслачка регата “Тракија” што се одржа во Пловдив во соседна Бугарија . Во дисциплината „скиф“-сениори, Александар Ивановски го освои второто место. До сребро извесла и двоецот Петар Рупески и Јован Делов во „дублскул“.

По само осум одиграни кола во второлигашкиот шампионат од преседателската функција во ФК Охрид се повлече Сашо Алче. Финасиските проблеми во клубот, а не  резултатите  биле причината за оставката на претседателот.

Десетиот месец во годината ќе остане запаметен и по магичниот натпревар на Горан Пандев во дресот на Лацио против кралскиот Реал Мадрид .

Сепак во срцата на сите спортисти ке остане запаметен 16.10 денот кога трагично почина најголемиот навивач , Тоше Проески.

Пред 20.000 гледачи на преполниот Градски победата од 3-0 над Андора беше посветена на “ангелот божји“.
Ноември:

По 11 одиграни кола Зоран Георгиевски- Рамбо и ФК Охрид се разделија. Како причина за заминувањето од клубот Рамбо ги наведува постојаните трубуленции  како и “тешката“ атмосфера за работа. За новиот претседател на Охрид, Љупчо Танески, единствено мерило биле резултатите од кои тие не биле задоволни по што неминовен бил “разводот“ .

Охридските сини цели шест кола чекаа да се израдуваат на победа , последен пат се радуваа на натпреварот со Беласица на „Билјанини“. Победата стигна над тетовска Дрита со 2-0.

На 11-от меѓународен куп на Р.Србија во Таеквон – До за пионери , јуниори и сениори Такевон-до клубот „Хваранг Фист“ од Охрид учествуваше со 6 натпреварувачи и во конкуренција на 350 натпреварувачи од 9 земји освои две златни,една сребрена и еден бронзен медал. Златото осамна на градите на Ратајоски Зоран и  Петреска Емилија .

Кошаркарите на АМАК СП ја забележаа најубедливата победа во 7-то коло во Првата лига. Во Скопје АМАК го декласираше тимот на Карпош Соколи со 108:66 стигнувајки до првата победа на гостински терен во сезоната. Со победата над лидерот и фаворитот за шампионската титула Фени Инд. во финишот на шампионатот пораснаа апетитите на охридскиот АМАК СП.

Лидерот падна во “Билјанини“
Илинденци стигнаа до сензационална победа над Тетовска Шкендија со што се најдоа во полуфиналето на националниот куп. Но по суспензијата на теренот и новата казна од играње на шест меча надвор, УО на клубот одлучи да отстапи од лигата и од куп натпреварувањето.

Ракометарите на Климент Охридски со скор од две победи и седум порази го завршија есенскиот дел од шампионатот на шестото место.

Охрид и Република Македонија го добија првиот регистриран клуб за Хокеј на трева-“Стик 2007”.

Декември:

Македонското спортско семејство  се збогати со  Федерацијата за хокеј на Трева-ФХК. На основачкото Собрание што се одржа во Охрид за претседател на Федерацијата е избран Дејан Паноски.

Изненадувачка заинтересираниост за овај невобичаен спорт
Во последните кола од шампионатот по победата над Фени, следуваше победа над МЗТ Скопје 96-90, па за АМАК СП следуваа натпревари кои требаше да го дадат конечниот пласман по првата фаза. По серијата порази од Работнички, Струмица и Пелистер сепак охриѓани завршија на петтото место.

Заврши и првиот дел од мачењето на “Билјана 006“, по финасиската криза од тим кој се бореше за шампионската титула, овогодинешниот дел од шампионатот го заврши со две победи и пет порази .

Ништо подобро не завршија ни охридските сини кои од “силните “ најави за влез во елитата, преку констатните проблеми со финасиите завршија малку над линијата која ги означува имињата на патниците кои се враќаат во третата лига.

Нерешена енигма остана кој палеше и гасеше во охридската спортска сала.

Македонскиот интернационалец Гоце Толески премина во Славија Прага, додека охридскиот судија Марјан Маркоски се здоби со ФИФА амблем.

Караратистите на КК Чоле со успешениот настап на отвореното второ по ред “Шотокан“ првенство на Македонија ја заокружија мошне успешната година зад нив . 

П.С. Минатата година сојузот за спортови и покрај јавниот повик за избор на спортист на Охрид за годината 2006 не избра спортист кој ја одблежал годината.