Агенцијата за млади и спорт, продолжува со интензивната динамика да работи на адаптација и реконструкција на спортската сала во Велгошти, Охридско. Според досегашните извршени градежни работи, спортската сала би требало да биде готова пред предвидениот рок, доколку тоа го дозволат временските услови, информираат од Агенцијата за млади и спорт.

Со изградбата на салата, повеќе од 290 деца ќе имаат каде да ги одржуваат своите часови по физичко и здравствено образование.

Спортската сала во Велгошти започна да се гради во 2002 година во непосреда близина на Основното училиште Живко Чинго. Но, истата никогаш не беше целосно завршена со градба. Во изминатата деценија истата пропаѓаше поради својата недограденост, а беше и руинирана.

Реконструкцијата на салата, Агенцијата за млади и спорт, ја започна на 21 септември 2012 година, а рокот на завршеток на градежните работи е предвиден за три месеци. Вредоноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект е 23, 6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија.

OhridNews