Спортската сала во Велгошти започна да се гради во 2002 година во непосреда близина на Основното училиште Живко Чинго. Но, истата никогаш не беше целосно завршена со градба. Во изминатата деценија истата пропаѓаше поради својата недограденост, а беше и руинирана.
Реконструкцијата на салата, Агенцијата за млади и спорт, ја започна на 21 септември 2012 година.
Вредоноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект е 23, 6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија.