По повод роденденот на Тодор Александров, 4-ти март во спортската сала во Велгошти ќе организира Спортски ден.


Овој настан ќе биде регионален во кој ќе се вклучени сите основни и средни училишта од Охрид и од основното училиште од Општина Дебарца.

На овој спортски настан ќе бидат вклучени над 300 деца од регионот. Целта на овој настан е развојот на училишниот спорт. Децата ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини: мал фудбал, кошарка, пинг – понг и шах.

Почеток e закажан во 9:00 часот наутро, а доделување на награди и пехари во 14:00 часот попладне.

 

Ohridnews