По повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров ООУ „Живко Чинго“ во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид организира „Спортски ден“.

Организаторите најавуваат ден исполнет со спортски дух, фер-плеј и заедништво и упатуваат покана до сите љубители на спортот да бидат дел од овој настан.

„Спортски ден“ ќе се одржи утре со почеток во 08:30 часот во салата „Тодор Александров“ во Велгошти.

OhridNews