Полн погодок е вака формираната лига за мал фудбал за децата на оваа возраст сметаат наставниците кои ги водат фудбалските екипи на “Лигата за Петлиња“, која е во соорганизација на локалната самоуправа и Сојузот на Училишен спорт.

Ова преставува едно големо доживување за децата преку кое се развива спортскиот дух, а секако и фер-плејот кој е е едн од најважните сегменти во спортската игра.  Секако дека ваквиот турнирски систем на натпреварувања е добар за децата за кои најдобро е да се докажуваат на спортскиот терен – вели Наталија Јованова професор во ОУ Ванчо Николески од Лескоец.

Но и покрај фер плејот, наставниците сакаат нивните екипи да победуваат – Ние  тежнееме на секој меч да победиме имаме одлични резултати и очекуваме висок пласман – рече Јованова.

Наредните мечеви од “Лигата за Петлиња“ се играат во сабота 14 април.

Ohridnews