Ѕвездите од сите спортови втората година по ред ќе одиграат фудбалски натпревар со хуманитарен карактер со кој ќе го поддржат Михаел Шумахер кој во строга тајност заздрадува од страотната несреќа при скијање во Франција.
Натпреварот ќе се одигра на 3 јули во Мајнц. Учеството за сега го имаат потврдено неколку спортски ѕвезди меѓу кои кошаркарот Дирк Новицки, пилотот во Формула 1 Фернандо Алонсо и фудбалерот Мирослав Клосе и синот на Шумахер, Мик.
Минатата година прв пат се одигра мечот за поддршка на Михаел Шумахер и на стадионот во Мајнц имаше 25 000 гледачи. Собраните финансиски средства беа донирани во фондациите од Шумахер и Новицки кои се грижат за луѓе настрадани од несреќи.
OhridNews