Унапредувањето на соработката во областа на справувањето со бесправното градење, беше тема на работниот состанок на в.д градоначалник на Охрид, Константин Георгиески и директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Локман Љимани.

На средбата заеднички беше констатирано дека е потребна поефикасна и координирана соработка меѓу двете институции и креирање на применливи мерки за спречување на дивото градење на индивидуални и колективни станбени згради.

OhridNews