Како што информираат од Царинската управа, во текот на минатата недела, царинските службеници откриле една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани лекови, стоматолошки материјали, пумпи за вода, делови за детектори за алкохол, цигари, облека и фалсификати.

Од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока од испраќач од Турција, наменета за увозник од Охрид, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Охрид, биле откриени 720 парчиња облека (маици и детски комплети) и 170 платнени ташни со ознаки на заштитени трговски марки.

Откриената стока е задржана.

OhridNews