Сопственик на продавници за накит од охридски бисер со уште неколку лица, вчера преку граничниот премин Табановце се обидел да прошверцува 205 парчиња накит од охридски бисер, за коj се претпоставува дека е фалсификат.
При детална контрола на возилото со кое патувале
лицата царинските службеници пронашле торба во која имало 114 ѓердани и
91 нараквица од бисери, кои не биле пријавени. На секое парче накит била прикачена хартиена
етикета со цени кои се движат во просек околу 40 евра за нараквиците и
100 евра за ѓерданите.
Во првична консултација со стручни лица, неофицијално е потврдено дека
не станува збор за оригинален охридски бисер, но доколку истиот би се
продавал како оригинал, цената би достигнала и до 10 илјади евра,
соопшти Царинската управа.