При влез во државата, на граничниот премин Богородица, во автомобил со српски регистарски таблички, во кој се наоѓале тројца српски државјани, во несесер, откриени биле вкупно 98.100 евра. Откако возачот и едниот сопатник изјавиле дека по 10.000 евра се нивна сопственост, а остатокот сопственост на другиот сопатник, на секој од патниците им биле вратени по 10.000 евра, износ што нерезидентите, согласно Законот за девизи, имаат право слободно да го внесат во Република Македонија. Остатокот од 68.100 евра бил задржан.
Во два одвоени случаи, царинските службеници привремено задржале и над 800 грама непријавен златен накит во вкупна проценета вредност од 1,3 милиони денари.
Во првиот случај, на граничниот премин Меџитлија, при контрола на автомобил со италијански регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пронајдени се 32 парчиња златен накит со вкупна маса од околу 450 грама и проценета вредност на околу 560 илјади денари. Златниот накит бл пронајден во женска чанта , сместена во багажниот простор на возилото. Во истата чанта биле пронајдени и 17 парчиња накит-бижутерија, а во повеќе патни торби и во багажниот простор пронајдени биле и непријавени и 271 готови текстилни производи. Во вториот случај на скопскиот аеродром Александар Велики, при контролана патните торби на македонска државјанка, која допатувала со лет од Цирих, царинските службеници откриле непријавени 19 парчиња златен накит со вкупна маса од 355 грама и 8 парчиња накит-бижутерија. Вредноста на златниот накит е проценета на околу 655 илјади денари.