Согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година“ и задолженијата, Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраѓајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи во изминатиот месец пристапи кон засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата.

Во Скопје се направени 562 контроли, во Тетово 367, во Охрид 1564, во Битола 993, во Велес 546, во Куманово 540, во Штип 1338, во Струмица 498, а од страна на МЕБСП на патиштата 576 контроли. Од вкупниот број контролирани возила, 1206 се упатени на вонреден технички преглед, утврдени се 167 технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила, а кај 10 возила се констатирани несправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, информираат од Министерство за животна средина и просторно планирање.
За реализација на оваа мерка од Акцискиот план, посочуваат, Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ангажирале 1192 вработени.
OhridNews











