Во Ниш, Србија, денеска православните цркви ќе ја одбележат 1700 годишнината од Миланскиот едикт со кој христијанството е признаено како официјална религија.
На свеченоста нема да присуствува Македондкста православна црква, која не добила покана за настанот.
-Немаме добиена покана ниту официјално ниту неофицијално.-изјавил владиката Дебарско – кичевски и портпарол на МПЦ, г.Тимотеј.
Миланскиот едикт пред 17 века го потпишал римскиот цар Константин, кој инаку е роден во Ниш. Со овој указ христијанската црква добила право слободно да ја проповеда верата.
OhridNews