Со концерт на италијанските уметници Енрико Диндо – виолончело и Моника Катароски – пијано, синоќа во катедралната црква Св. Софија, заврши 52-то издание на најзначајната културна манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“.

Во изминатите 40 фестивалски денови, љубителите на уметноста имаа можност да проследат педесетина музичко-сценски настани, кои ги полнеа гледалиштата. Организаторите најавија дека веднаш ќе започнат подготовките за 53-то издание на фестивалот, чија програма треба да биде утврдена до крајот на годината.
фото:ЕМИЛИО













