Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот Александар Поповски ѝ се извини на публиката за оваа промена и се заблагодари за трпениетосо оглед на новонастанатата ситуација.
Извинете за сè што поминавте. Знам дека не е едноставно да се чека, но верувајте, направивме сè. Овде има една неверојатна екипа и од Белград, и од Македонија кои направија чудо да се преселиме за час и половина од горе, на Антички театар до долу во Центарот за култура. Два дена работеа на Антички за да биде претставата таму, но ете, небото сакаше да биде поинаку. Навистина е преубаво човек да види дека Охрид има публика за театар и за култура. Тоа е најубавата работа, рече Поповски пред почетокот на претставата.
Инаку, актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија на сцената покажаа извонредна театарска игра.
Драматичкиот текст на „Алиса во земјата на стравовите“ е инспириран од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.
Годинава, 64. Издание на фестивалот „Охридско лето“ донесе 36 настани од кои 25 концерти од областа на класичната музика, шест театарски претстави, по една изложба и промоција на книги, стенд-ап шоу, а во дополнителната програма се бараше карта повеќе за светскиот а наш виртуоз на гитара, Влатко Стефановски. Роденденот на фестивалот годинава беше одбележан со концерт на салса ансамблот „Меркадонегро“.
Во заостанатиот натпревар од второто коло во Втората македонска фудбалска лига, Охрид Лихнидос славеше со 2:0 на гостувањето кај Детонит Плачковица во Радовиш По првото полувреме резултатот беше 0:...
На свечен настан кој ќе се одржи во понеделник, 28 септември, со почеток во 19:30 часот во големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе бидат одбележани 30 години постоење на Клубот на млади на ...
Општина Струга го намали долгот за над 1,5 милиони евра од обврски акумулирани низ годините Од нив 570000 евра исплатени преку директни договори со доверителите, 200000 евра камати простени од дове...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.