Составот на Струга Трим Лум ја запиша првата победа во втората етапа во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи ја Беласица со 1-2, на Градскиот стадион „Благој Истатов“ во Струмица. „Црвено белите“ до победата дојдоа со головите на Марјан Алтипармаковски и Нијаз Лена во првиот односно вториот дел.

Ветувањето дека ќе играме офанзивно пред продолжението од Првата лига го исполнуваме. Ние на секој натпревар без разлика дали играме дома или гости, одиме на победа. Свесни сме каде се наоѓаме на табелата, но немаме намера да се оптоваруваме со позициите кои водат во Европа. Сакаме да играме фудбал, без да создаме притисок резултатски, кој може негативно да влијае, – изјави тренерот на стружани, Срѓан Захариевски.

Во третата рунда од пролетната полусезона Струга Трим Лум на домашен терен ќе го пречека битолски Пелистер. Натпреварот се игра в среда во 14 часот.

OhridNews

 

Прва МФЛ: Струга Трим Лум славеше во Струмица, Дарко Размоски стрелеше во триумфот на Пелистер (видео)