Македонскиот дебитант во европските фудбалски купови следната сезона Струга ТЛ ја продолжи соработката со тренерот Срѓан Захариевски за уште една година.

Се надеваме дека со Захариевски на чело, нашиот тим ќе направи достојна презентација во европските натпреварувања, каде ќе бидеме во улога на дебитанти, – соопшти прволигашот од Струга, обзнанувајќи ја одлуката за нов едногодишен договор со македонскиот фудбалски тренер и поранешен репрезентативец.

Захариевски на чело на Струга Трим Лум дојде на 12 март минатата година, а претходно ги предводеше екипите на Металург и Пелистер.

Под негово водство екипата на Струга ја заврши сезоната во Првата македонска лига на третото место и обезбеди настат во квалификациите за Конференциската Лига Европа.

OhridNews