Струшките „црвено бели“ со 2-0 ја совладаа Шкендија и се вратија во игра за позицијата број на табелата, која води во европските натпреварувања. Струга Трим Лум на две рунди до финишот на шампионатот има бод помалку од Македонија Ѓорче Петров.

Прво, би сакал да ѝ ја честитам титулата на Шкендија. Што се однесува до натпреварот, го одигравме во наш стил, со многу борбен дух, и за разлика од претходниот пат, сега успеавме да извојуваме победа. Нашата главна цел е да напредуваме во играта, а што ќе се сличи на крај ќе каже табелата на 16 мај, – изјави тренерот на стружани, Срѓан Захариевски.

Во двете финални рунди Струга ТЛ ќе се сретне со Вардар и Силекс, додека Македонија ЃП ќе се судри со Шкендија односно Вардар.

OhridNews

 

Прва МФЛ: Струга Трим Лум го сруши шампионот Шкендија и се врати во игра за Европа, само теорија го спасува Вардар (видео)