Седумнаесеттатa вечер на „Summer comedy marathon“ го донесе извонредното продолжение на шоуто „SEXPIRIENCE“. Второто издание на најжешкото комеди шоу на фестивалот на сцената на култниот Џез Инн, донесе уште пожестока енергија и смеење до солзи.

За сè што (не) се зборува во кревет „беседеа“: Никола Тодороски, Зоран Донев, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Јован Цветкоски, а како специјален гостин настапи победникот на „Open mic“ Александар Мирчевски.

„Summer comedy marathon“ продолжува вечерва со шоуто „Best of stand up“ кое, како и сите претходни, е целосно распродадено, што е одлична увертира за  големото финале на 13 август на Долни сарај каде ќе настапат едни од најдобрите стенд-ап комичари на Балканот, Никола Тодороски – Македонија и Срѓан Олман – Србија.

Карти и резервации за финалето на Summer comedy marathon на следниот ЛИНК.

Фото галерија од шоуто „SEXPIRIENCE“ :

За сè што (не) се зборува во кревет храбро се зборуваше во шоуто „SEXPIRIENCE“ на Комеди маратонот

Г.М.
Фото: А. Момироска