Кошаркарските селекции на Србија и Хрватска обезбедија пласман на Олимписките игри во Рио откако победија во групите кои се одиграа викендов во Белград односно Торино.


Во финалните мечеви „орлите“ пред своите гледачи убедливо ја совладаа репрезентацијата на Порторико со 108-77 додека хрватите во Италија славеа против „азурите“ по дополнителни пет минути со 84-78.


Последниот патник на Олимписките игри во Рио ќе се дознае од финалниот натпревар меѓу Канада и Франција. Пласман во Рио обезбедија Бразил, Америка, Шпанија, Литванија, Кина, Аргентина, Венецуела, Нигерија и Австралија.

OhridNews