Селекциите на Србија и Русија им се придружија на Шпанија и Словенија во полуфиналето на Евробаскетот.

Популарните „орли“ во четвртфиналето ја совладаа Италија со 83-67 и покрај лошото отварање на натпреварот.

Русија во крајно неизвесен и динамичен натпревар со 74-69 ја победи Грција и се пласираше меѓу најдобрите четири.

Во полуфиналните пресметки кои на програмата се четврток и петок ќе се сретнат Шпанија – Словенија односно Србија – Русија.

OhridNews