Селекцијата на Србија ќе добие нов селектор, откако Славољуб Муслин не најде заеднички јазик околу работите во репрезентацијата со челниците на Фудбалската федерација.

Муслин ја презеде селекторската палка во Србија на сред квалификации и успеа да ја одведе на Мундијалот во Русија по пауза од три светски собири на најголемите ѕвезди.

Работите помеѓу Муслин и челниците на ФФС „зачкрипиле“ околу изборот на фудбалерите, односно за третманот на одредени млади играчи кои имаат квалитет за дресот на „орлите“.

На пријателските средби во ноември со Кина и Јужна Кореја, Србија ќе ја предводи Младен Крстајиќ, кој ќе го соопшти и списокот, а потоа следува период во кој ќе се избира селектор за СП во Русија.

OhridNews