Србија победи на изборот за песна на  Евровизија 2007 што се одржа во Хелсинки, Финска. По возбудливо гласање победата ја однесе Марија Шерифвиќ која со песната “Молитва“ освои 268 поени.


Марија Шерифоќ за прв триумф на Србија на Евровизија

Втора беше Украина со 235 гласа, третото место го освои Русија, а во топ пет се најдоа уште и Турција и Бугарија. Нашата претставничка на Евросонгот, Каролина Гочева со песната “Мојот свет го освои 14 место, со 73 поени. Тое е недоволно за директен пласман во финалето на идниот Евросонг што ќе се одржи во Белград, каде повторно ќе настапиме во полуфиналето.


Каролина на крај  14

Инаку за прв пат победникот на Евровизија ќе одржи победничка турнеја во шест европски земји во периодот од 15 до 21 мај. Освен спектакуларната организација и ова Евровизија не донесе ништо ново во начинот на гласање, кој традиционално мина во знакот на добрососедските односи и активноста на дијаспората на земјите учеснички.

Ако е за утеха кај соседите, освен се разбира Грција на која дури и дадовме и 3 поени, минавме добро. Она што е најважно Каролина беше одлична, а новинарите (ги имаше 2500 во Хелсинки) ја прогласија за мис на Евросонгот.

Г. Момироски