Селекциите на Бразил и Србија забележаа победи 3-1 и 2-0 во контролните мечеви кои ги одиграа против репрезентациите од далечниот исток, Јапонија односно Кина.
„Кариоките“ победникот го решија во првото полувреме во кое ги постигнаа трите голови. Резултатот од белата точка го отвори Нејмар, водството го дуплираше Марсело, а третиот погодок дело беше на Габриел Жесус. Јапонците во второто полувреме постигнаа почесен погодок и го ублажија поразот.
„Орлите“ со по еден гол во двете полувремиња го осигураа триумфот на кинезите. Во првото полувреме погоди Адем Љајиќ, додека Александар Митровиќ ги постави конечните 2-0.
Вечерва има уште неколку интересни пријателски пресметки како Англија – Германија, Белгија – Мексико, Украина – Словачка и Франција – Велс.
OhridNews