Српската ракометна федерација се извини за инцидентот на пријателскиот меч помеѓу Македонија – Србија. На трибините беше развеано грчко знаме додека РТС, Македонија ја потпиша со БЈРМ.

Во извинувањето стои, Соработката помеѓу двете федерации е на завидно ниво и затоа многу нè погоди фактот што на трибините се вееја грчки знамиња. Ние реагиравме тие да се симнат, но во салата имаше 3.500 гледачи, а обезбедувањето беше малобројно бидејќи стануваше збор за пријателски меч. Нагласуваме дека нашата федерација не ја одобрува оваа провокација. На работата на РТС не можеме да влијаеме, но тие посебно ќе бидат известени за нивниот пропуст. Гарантираме дека пропустите нема да се повторат.

Преостануваат само неколку дена до почетокот на ЕП во Србија, Ниш каде ќе се натпреварува Македонија се очекува да биде “црвено жолт“. Избраниците на Шундовски првиот натпревар г играат против Шведска в недела во 17 часот.

РТС ја “фиромизираше“ Македонија

извор : “Mkd.mk”
Ohridnews