Спотот „Храна за душа“ кој што ја промовира Србија и кој за три дена на Јутјуб го виделе повеќе од 30.000 луѓе и е вреден три милиони динари, е речиси ист како македонскиот спот, снимен минатата година, јавува српскиот дневен весник „Курир“, пренесува „Макфакс“.

Врз основа на неколку скоро идентични сцени може да се заклучи дека авторите на спотот кои Туристичката организација на Србија ги исплати со околу три милиони динари е копија на македонскиот од септември 2010 година. Нашиот јужен сосед тогаш покрена маркетинг кампања под називот „Македонија вечна“ со кои се претставува убавината на државата со неколку кратки спотови, пишува весникот.

„Во вашата снимка постојат елементи на плагијат. Не можам да кажам дека целиот спот е украден, но навистина има делови кои се многу слични. Можно е авторите да го виделе нашиот спот на интернет и да искористиле некои делови. Немам проблем со тоа, бидејќи сите го прават тоа. Повеќе се лутам што нам ни го украдовте ајварот“ вели за „Курир“, Блаже Дујев, сопственик на продукциската куќа „Казар“, која го работеше македонското видео.

Еден од авторите на спотот „Храна за душа“, Срѓан Станковиќ од компанијата „Супернатурал“ вели дека не станува збор за плагијат и дека одредени совпаѓања се приметуваат бидејќи Македонија и Србија се слични.

„Единствено совпаѓање е во тоа што во двата спота луѓето јадат специјалитети од домашните кујни. Да е видеото за Тајланд, на никого не би му паднало на памет да го споредува со Србија. Погледнете го сценариото и режијата на спотот и ќе видите дека не е плагијат. Спотовите се слични како „фијат“ и „голф“ вели Станковиќ.

Спотот „Храна за душа“ претставува дел од кампањата на Туристичката организација на Србија за идната година.

Дијана Вуковиќ од Туристичката организација на Србија наведува дека не го гледала спорниот македонски спот, но и покрај тоа вели е сигурна дека не  е плагијат.

„Идејата нам ни беше да ги промовираме богатствата и убавините на Србија, а не да копираме некого. Шест месеци макотрпно работевме на правење и емитување на овој материјал и буквално сите се одушевени од ова“ рече Вуковиќ.

OhridNews
извор: „Макфакс“