Охридското езеро ќе биде предизвик и за уште еден спортист, нуркач и пливач.

Осумнаесет годишниот Урош Иванковиќ од Пирот, Србија утре, 12.08.2018 година ќе се обиде да го оствари својот неколкугодишен сон да плива од Св.Наум до Охрид, растојание од 25 км.

Придружуван од својата фамилија и од медицински и тим на спасители на вода на Црвен крст Охрид, Урош ќе стартува од Св.Наум утре во 9 часот, а се очекува на кејот кај старотот пристаниште да пристигне после 14 часот, информираат од Црвениот крст.

OhridNews