Државјанин на Србија е уапсен во Минхен под сомнение дека е сторител на неколку стотици кражби на територијата на Германија. Српскиот државјанин е осомничен дека извршил разбојништва во домовите на неколкумина познати фудбалери, меѓу кои се Мануел Ноер, Иван Ракитиќ, Матс Хумелс.

Голманот на Баерн и германската репрезентација бил ограбен во 2011 година, кога разбојникот влегол во неговиот дом преку прозорецот. Покрај неколку часовници, разбојникот си заминал и со накит и неколку илјади евра.
„Макфакс“










