Селекцијата на Србија на Мундијалот во Русија ќе ја предводи Младен Крстајиќ кој прво беше асистент, а потоа в.д. селекторот после неочекуваното заминување на Славољуб Муслин од селекторското столче.

Крстајиќ до крајот на годината треба биде и официјално промовиран во старо-нов селектор на „орлите“. Седумчлената комосија во Фудбалската федерација на Србија треба да ја завери неговата кандидатура, бидејќи нема други тренери кои се во трка за местото селектор на Србија.

– Сите го знаете моменталниот селектор и сакаме да му го „скиниме“ тоа в.д пред неговото име. Имавме разговори претходните неколку недели и одлучивме да не менуваме и шанса да му дадеме на Крстајиќ. – изјавил за српските медиуми, Славиша Кокез првиот човек на ФФС.

Репрезентацијата на Србија во групата на Мундијалот се наоѓа со Коста Рика, Бразил и Швајцарија.

OhridNews