Во Крит селекциите на Грција и Србија одиграа пријателски натпревар, кој заврши со победа на србите 2-0. Но, она за што на големо се пишува е тоа што србите и во Крит беа провоцирани за Голема Албанија.
При интонирањето на химните две од дечињата кои го носат фудбалерите пред себе со рачињата гестикулираат „двоглав“ орел или симболот на албанската држава.
Пред месец дена на дуелот меѓу Србија и Албанија во Белград долета дрон со знаме од големата албанска држава, кое иницираше подоцна прекин на натпреварот.
УЕФА им изрече казна на двете страни, но не престанаа испадите и провокациите кои се повеќе се случуваат на фудбалските терени.
Ohridnews