
Заради десетминутниот исечок од еден порно филм, гледачите биле толку револтирани, што РТС за само неколку минути примила рекорден број повици.
„Во вторникот изутрина ја добивме првата пријава од гледач дека на каналот на кој се емитува РТС1 оди порно филм. Исклучена е можноста за техничка грешка, во прашање е човечки фактор. Сигурни сме дека дошло до неовластен упад во просториите на СББ, за што е известена и полицијата“ изјавиле претставниците на кабелскиот оператор.
Јасминка Т. Момироска











