Младата селекција на Србија го освои златниот медал на Светското првенство во фудбал победувајќи го Бразил во финалето со 2-1.


„Орлите“ победничкиот погодок вреден златен медал го постигнаа во 118-та минута од натпреварот. Претходно, србите поведоа со 1-0 во 70-та, а „кариоките“ израмнија три минути подоцна.


Надежите го вратија сјајот на фудбалот во Србија по неуспешните квалификациите на А селекцијата за пласман на ЕП во Франција.

Третото место на Мундијалот го обезбеди Мали со победата над Сенегал 3-1 во малото финале.

Ohridnews