Ракометната селекција на Србија без првата виолина Момир Илиќ во составот ќе настапи на Европското првенство во Полска на почетокот од следната година.


Левиот бек има скршеница на шутерската рака со која се здоби во дербито меѓу неговата екипа Весрпрем и Пари Сент Жермен во Лигата на Шампиони.

Тој и покрај тешката повреда брилираше во дербито и учествуваше со десет голови во триумфот на неговата екипа 28-20.

Отсуството на Илиќ ќе биде голем хендикеп за србите кои се наоѓаат во група со домаќинот Полска, Македонија и Светскиот шампион Франција.

Ohridnews