Во понеделник, 27-ми јануари, членовите на Здружението на Србите од Охрид „Коштана“, традиционално, во ресторанот Белведере, со пригодна свеченост ќе го прослават празникот Свети Сава.

На традиционалниот свечен ручек кој ќе почне во 13 часот, ќе се врти погача, ќе се дели варена пченица, а секоја година неизоставен дел од одбележувањето се и богатата трпеза и познатите српски рефрени.

Во Охрид се евидентирани околу 700 припадници на српската заедница и околу 320 членови на здружението „ Коштана“.

OhridNews