Тешко гостување го очекува Охрид Лоте, кој по серијата порази од второто падна на деветто место на второлигашката табела.


Да се прекине негативната низа е целта на нашето гостување во Новаци. Поминуваме низ тежок период , а победа добро би дошла за враќање на атмосферата во екипата во финишот на шампионатот – вели Труфиноски Димитри, во пресрет на мечот во Новаци против истоимениот лигаш.


За гостувањето во Новаци, Трифуноски неможе да смета на повредените дефанзивци Велкоски,Стисниоски и Чашитоски, додека по отказите на голманите Абди и Бафто, се очекува Цветкоски да затане меѓу стативите.

Новаци по 11 одиграни кола со само девет освоени бода се наоѓа на претпоследното место на табелата. Досега извојуваа само две победи и тоа двете на домашен терен против Влазерими во првото коло со 2-0 и Беласица во шестото со 1-0.
Охрид Лоте на досегашните пет гостувања забележа една победа и четири порази.

М.П.