Димитри Трифуноски – Србо поднесе оставка од местото шеф на стручниот штаб на Охрид Лоте. Трифуноски кој од самото формирање беше на чело на лигашот по две минати сезони, една во третата и една во втората лига се одлучи да ги напушти “градежниците“.



– Трифуноски го напушти клубот и на негово место со екипата ќе работи Бакулески Јаким  – не информираше генералниот секретар на клубот Спасе Панџак.

Охрид Лоте имаше очаен старт во новиот шампионат, претпре три порази во лигата, а беше торпедиран од Шкендија во купот.

М.П.