Бразилецот Алекс Аполинарио ја загуби најважната битка, починувајќи во болнички услови како последица од срцевиот напад кој го доби за време натпревар пред четири дена.

24-годишниот фудбалер колабираше и како покосен падна на теренот по помалку од час игра. Алекс веднаш доби прва помош и итно беше пренесен во болница. Докторите го поставија во медицинска индуцирана кома, но не успеаја да се изборат неговиот живот.

Алекс потекнува од академијата на бразилскиот клуб Крузеиро.

OhridNews