Германскиот репрезентативец Сами Кедира остана во Торино и не отпатува со екипата на Јувентус во Мадрид, каде водечката екипа во Серија А ќе ги одмери силите со Атлетико во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.

Кедира поради срцева аритмија изоставен беше во последен момент, а дополнителните прегледи кои ќе ги направи репрезентативецот на Германија ќе покажат колку е сериозна ситуацијата.

Отсуството на Кедира ќе биде голем хендикеп за стратегот Масимилијано Алегри кој многу верува во квалитетите на искусниот фудбалер. Замена за Германецот можеби ќе биде Матуиди или Бентакур.

Мечот во Мадрид се игра во 21 часот.

OhridNews