Согласно измените во законот, од денеска во земјава започнува ерата на дигиталната телевизија  Околу 200 пријави од граѓани пристигнале во Советот за радио дифузија и АЕК, а најчести прашања биле каде можат да се набават дигиталните ресивери.

Како што изјави директорот на СРД Зоран Трајчевски за „Економски“, засега сите пречки околу емитувањето на дигиталниот сигнал се отстранети.

Сите предаватели зрачат дигитално освен еден на Македонската радио-дифузија кај Ресен. Но екипите се излезени на терен да го отстранат дефектот.“ – изјави Трајчевски за „Економски“.

Според него неколку регионални се уште не се пуштени во етер бидејќи технички се неподготвени, но се очекува тоа да го сторат најдоцна до понеделник.

Граѓаните кои телевизиските програми ги следат преку кабелските оператори нема да е соочат со проблем, додека граѓаните кои гледаа тв преку аналогни антени ќе треба да набават посебен уред без кој нема да можат следат дигитална телевизија.

Инаку, проблемите со сигналот можат да се пријават на бесплатниот телефонски број 190, во контакт-центарот на АЕК.

OhridNews