– Последниот мониторинг на програмскиот сервис на ТРД Телевизија А2 покажа дека овој радиодифузер сериозно отстапува од претежно забавниот општ формат, што му е доделен. Наместо најмногу 65% програми што исполнуваат забавна функција, емитува 75,68%, а повеќе од две третини се репризни изданија, велат од СРД.
Оттаму додаваат дека редовните мониторинзи на програмите на радиодифузерите што ги врши СРД покажале сериозни остапувања во форматот на Телевизија А2. Во периодот од февруари оваа година, СРД во неколку наврати сериозно и’ укажувала на Телевизија А2 да се прилагоди кон условите од дозволата и кон Законот за радиодифузната дејност. За оваа цел, членовите на СРД и лично го информирале управителот на Телевизија А2, како и стечајниот управник.